3000 евра казна за штипјанец кој не постапувал по здравствените прописи

Жител на Штип е обвинет за непостапување по здравствените прописи, бидејќи по враќањето во државава не ја почитувал должноста за самоизолација.

– Обвинетиот на 17 март влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје во Република Северна Македонија од Кралството Шпанија при што со писмена наредба бил упатен на препораките за заштита од заразна болест Ковид 19 и потпишал изјава за самоизолација. Но истиот ден го напуштил својот дом каде требало да ја изврши должноста за самоизолација и отишол во Општина Штип, соопшти Јавното обвинителство.

Со тоа, лицето сторило кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд во Штип поднел Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 30 евра во денарска противвредност.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e