ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М. (24) и А.М. (21), двајцата од Кочани, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според информациите, на 13.11.2025 година, во местото викано „Вила вон град“ во Кочани, пријавените со тврди и метални предмети го нападнале Џ.С. (30) од Крива Паланка, при што му било оштетено и неговото патничко возило.
Во истиот случај, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против Џ.С. (30) од Крива Паланка, поради основано сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Како што стои во пријавата, истиот ден на истата локација, пријавениот со употреба на сила го ставил А.М. (21) во патничко возило, каде бил задржан, а потоа и физички нападнат од лица кои се наоѓале на задното седиште. По инцидентот, оштетениот бил изваден од возилото, по што напаѓачите го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
