25-годишен тетовец загина во сообраќајка

На автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на река Вардар вчера околу 7:20 часот товарно моторно возило „форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово излетало од патот и удрило во метална ограда.

По незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде починал поради сериозноста на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e