13 лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе девет казнени налози со кои се опфатени вкупно 13 лица кои го прекршиле полицискиот час. Обвинителството предлага да им се изречат парични казни од по 2 000 евра.

– Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, тие се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, бидејќи за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, информираат од ОЈО.

Јавното обвинителство на Судот му предложи за обвинетите за изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e