11 сообраќајки во едно деноноќие во Скопје, една жртва

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и пет – со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице починало, едно се здобило со тешки телесни повреди и четири со лесни телесни повреди. Двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај, а уште 14 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози, додека 68 возила се подигнати со “Пајак”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e