Фирми на Ѕинго добивале пари за чистење на канали од министерство раководено од кадар на Ѕинго?!

Анализата на новинарката Наташа Стојановска објавена на порталот Фактор покрај другото покажува и дека според официјалните податоци, добиени не од некое друго место туку од самото Министерството за земјоделство, најмногу пари за чистење на канали се потрошени во 2014 година.

Истата таа година на министерската фотеља седнува сеуште актуелниот министер Михаил Цветков, кадар на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов- Ѕинго и истата таа година огромни суми на пари за оваа намена добила фирмата СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ ДООЕЛ- КРАТОВО.

2014

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сигурно многу се прашуваат: Kако е можно фирма во сопственост на Ѕинго да добие огромни пари од министерство раководено од кадар на Ѕинго а при тоа да се запазени сите законски процедури?

Доколку ја запрашате власта, ќе ви одговори во нејзин претпознатлив стил: “Тендерите се водени согласно сите законски процедури, а победувале фирмите кои имале најдобри понуди.

Но кога сами ќе размислите, веднаш ќе ви стане јасно дека ова е Македонија во која 10 години непрекинато владее една политичка гарнитура и се е можно.

sfwffe

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Порталот Фактор, во текстот потсетува дека неодамна опозицијата преку својот дополнителен заменик министер Љупчо Николовски обвини дека најголем дел од парите се слеани на фирмите на Љубисав Иванов – Ѕинго.

Фактот дека ресорот земјоделство го води кадар на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов –Ѕинго, а неговите фирми од една страна добиваат тендери за чистење на канали, а од друга страна се случуваат поплави поради неисчистени канали, и поради тоа повторно од буџетот им се исплаќаат милионски суми за санирање на штетите од таквите поплави за опозицијата е доволен да се зборува за конфликт на интереси при доделувањето на тендерите, но и не неодговорност во трошењето на парите. – пишува Фактор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e