Меморијален турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ по осми пат се одржа викендов во спортскиот центар „Форца“, под покровителство на општина Карпош, во организација на здружението „Мандра“.
Како што информира општина Карпош, на меморијалната манифестација присуствувал претседателот на советот на општината Сашо Лазаровски, кој истакнал дека локалната самоуправа ќе продолжи континуирано да поддржува ваков тип на манифестации, со цел да ги негува културните различности кои меѓусебно кохабитираат во оваа општина.
На меморијалниот роденденски турнир во чест на Тоше Проески учествуваа четири екипи „Мандра“ од Скопје, „Општина Карпош“ од Скопје, „Крушува“ од Крушево и „Лиличеа Ароши“ од Велес. Во рамки на културно забавната програма на турнирот учествувале познати интерпретатори на влашки песни, рецитатоти и други културни работници.