(ВИДЕО) Урнебесно: Стоилов објаснува како го тешеле: Ми доаѓа Пешевски и ми вика, абе брат…

Стојанче Стоилов кој промаши огромна шанса во последните секунди од натпреварот со Германија со навивачите сподели што се случувало во соблекувалната по мечот.

Стоилов одигра одличен натпревар против Германија, можеше да биде и херој на мечот но не реализираше зицер на 12 секунди до крајот. Сепак вечно ќе се памети неговиот гол со шрауба кој беше најубав на мечот.

По натпреварот ракометарите пристигнаа во фан зоната и со навивачите заедно го прославија успехот во Загреб, а Стоилов изјави дека е милениче на соиграчите и објасни како го тешеле.

„Влегувам тука и се чувствувам како да дадов гол а не да промашив. Сериозно, многу ми олеснувате, не слушнав ниту еден лош коментар. Им благодарам на сите во репрезентација, како мало дете ме прифатија, јас седам тажен во соблекувална, и сите ми приоѓаа и ми викаа, ајде ајде, ништо не е. И ми доаѓа Жарко Пешевски и ми вика, „абе брат, таа шраубата каква беше“, како демек плаче детето, па на лижавче. Фала ви на сите, се надевам дека ќе продолжиме со оваа игра, со оваа борбеност и во Вараждин и сакам сите таму да дојдете“, изјави Столе Стоилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ