(Видео) Повторно го одушеви светот: Мајстор Кари збесна и „испука“ рекордни 13 тројки

Само еден натпревар траеше кризата на Стеф Кари кога се во прашање ударите од далечина, па откако на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс ја прекина својата фантастична низа од 157 натпревари на кои постигнуваше по барем една тројка (нула од десет), тој рано утрово збесна и испука рекордни 13 тројки во еден НБА натпревар и тоа во триумфот на неговиот Голден Стејт Вориорс над Њу Орлеанс Пеликанс со 116:106.

Стеф дојде до 13 тројки од вкупно 17 обиди за вкупни на крајот најдобри сезонава 46 поени.

-Ова беше специјална вечер- посочи првиот плејмејкер на „воините“.

Тој и пред ова достугнување го држеше рекордот за тројки на еден меч (12), но заедно со Брајант и Маршал.

Во негова сенка останаа Топмпсон со 24 и Дурент со 22 поени како и Ентони Дејвис на спротивната страна со дабл-дабл учинок од 33 поени и 13 скокови.

На други среди само Јута и Хјустон победија на гостинс терен против Филаделфија, односно Вашингтон, додека пак пред своите гледачи не ја пропуштија можноста да слават Шарлот, Чикаго, Оклахома и ЛА Клиперс.

Резултати: ЛА Клиперс-Детроит 114-82, Оклахома-Мајами 97:89, Голден Стејт-Њу Орлеанс 116-109, Чикаго-Орландо 112-80, Вашингтон-Хјустон 106:114, Филаделфија-Хјустон 84:109, Шарлот-Индијана 122-100

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e