(ВИДЕО) Арсенал настрада во Минхен, Наполи немаше сили за изненадување на „Бернабеу“

Екипата на Баерн Минхен и Реал Мадрид направија голем исчекор кон следната фаза во Лигата на шампионите, откако вечерва пред своите гледачи остварија сигурни и убедливи победа над Арсенал, односно Наполи.

Премиерлигашот од Лондон одново доживеа вистинска катастрофа и потоп во Минхен како пред две години. Арсенал загуби на „Алијанц Арена“ со 5-1 со што уште еднаш изгледа ќе ги заврши своите настапи во осминафиналето на ова натпреварување.

Првиот дел заврши без победник 1-1 со головите на Робен во 11 и Санчез во 30 минута. Меѓутоа во второто полувреме за само десет минути од 53 до 63 минута „баварците“ три пати го матираа Оспина преку Левандовски и Алкантара (2).

Точка на шоуто стави нововлезениот Милер во 88 минута.

Реал пак со пресврт го доби Наполи со 3-1. Шок на „Сантијаго Бернабеу“ приреди Инсиње во 8 минута, ама „кралевите“ брзо го возвратија ударот и тоа преку Бензема (19 минута). Во почетните минути на второто полувреме шпанците притиснаа и дадоа два гола преку Крос и Касемиро и остварија добра позитива, предност пред реваншот во Неаопол на „Сан Паоло“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e