Сколари: Еден играч ќе ги надмине Меси и Роналдо

Искусниот бразилски стратег Луис Фелипе Сколари кој во моментов работи во Кина верува дека еден играч може да ги надмине Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои доминираат во светскиот фудбал изминативе десетина години.

Некогашниот предводник на „кариоките“ низ текот на својата кариера можеше да соработува со големи асови како Роналдо, Ривалдо, Роналдињо… играчи со кои го покори светот. Исто такво мислење дека ќе биде број еден има и за асот на Барселона, Нејмар.

-За титулата најдобар играч на светот се натпреваруваат Меси и Роналдо, но наскоро на нивно ниво ќе биде Најмар. Тој веќе почна да ги симнува од врвот. Нејмар исто така го тренирав и верувам дека еден ден ќе ја освои „Златната топка“, -истакнал Сколари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e