Познати „шеширите“ пред ждрепката за ЛШ

По одигрувањето на последните пет реванш натпревари од плеј-офот, познати се составите на четирите „шешири“ за ждрепката во фудбалската Лига на шампиони закажана за денес во 18 часот во Монако.

УЕФА 32-те екипи ќе ги подели во осум групи со по четири тима. Во групите нема да може да се сретнат тимови од ист „шешир“.

Бранителот на трофејот Реал Мадрид се наоѓа меѓу носителите во првиот шешир.

Прв „шешир“: Реал Мадрид, Баерн Минхен, Бенфика, Челси, Јувентус, Шахтјор, Монако, Спартак Москва.

Втор „шешир“: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барселона, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Порто, Севилја.

Трет „шешир“: Ливерпул, Наполи, Рома, Андерлехт, Базел, Бешикташ, Тотенхем, Олимпијакос.

Четврти „шешир“: ЦСКА Москва, Карабах, Спортинг, АПОЕЛ, Марибор, Лајпциг, Селтик, Феенорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ