Манчестер Јунајтед ја отстрани плакетата на легендарниот менаџер и ги избрка неговите внуци од ложата на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед на најдобар можен начин ја стартуваше новата натпреварувачка сезона, но ако фановите на овој клуб се презадоволни од начинот на кој функционира тимот на Жозе Мурињо, сега истите се крајно разочарани од последниот потег на управата.

Клубот од „Олд Трафорд“ низ својата долга историја имал голем број на фудаблски и тренерски легенди, а еден од нив секако е легендарниот Мат Безби кој ја најави револуцијата на Манчестер Јунајтед во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Неговата длабока трага во клубот во кој мина повеќе од 20 години засекогаш ќе остане како добар спомен меѓу фановите, но повеќе нема ништо да биде исто на „Олд Трафорд“ бидејќи првите луѓе на Јунајтед донеле конечна одлука плакетата со неговото име да биде тргната од ложата на театарот на соништата, исто како што се одземени и сезонските билети кои во последните сезони ги користеле неговите внуци.

Покојниот Мат беше вистински миленик меѓу фановите на Манчестер поради тоа што успеа да го издигне клубот по минхенската трагедија во 1958 година и да создаде страшен тим во кој играа Боби Чарлтон, Денис Лоу и Џорџ Бест.

– Повеќе од 40 години, семејството на Мат Безби имаше свое место во свечената ложа на „Олд Трафорд“ и четири резервирани карти. Самиот менаџер ги користеше тие места, неговите деца, а по нивната смрт доаѓаа внуците. Сепак, првите луѓе од „Олд Трафорд“ одлучија дека од оваа сезона таа пракса заминува во историјата, – гласи пораката која пристигнала до медиумиот близок до клубот „Manchester Evening news“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e