Македонија можеби и ќе може да се пласира на ЕП во фудбал 2020

УЕФА во септември ќе го стартува својот нов проект Лига на Нации и на сите 55 земји кои се на листата ќе им даде шанса да се натпреваруваат во четири дивизии. Според моменталниот ранк, каде ќе биде Македонија?

Членките на УЕФА ќе бидат поделени во групи А, Б, Ц и Д, според позицијата на листата. Првите 12 репрезентации во Европа ќе играат во дивизија А, наредните 12 ќе бидат во дивизија Б, потоа, ќе следат 15 во дивизија Ц, додека последните 16 репрезентации ќе бидат во дивизија Д.

Дивизиите А и Б ќе бидат четири групи со по три тима, дивизија Ц ќе биде три групи со по четири тима, додека дивизија Д ќе брои четири групи со по четири тима. Доколку лигата се формира според сегашниот ранк (заклучно со 11 јуни, 2017 година), Македонија ќе биде во последната – дивизија „Д“.

Нашата репрезентација ќе биде во друштво на Финска, Естонија, Ерменија, Грузија, Фарски Острови, Летонија, Молдавија, Казакхстан, Луксембург, Андора, Лихтенштајн, Малта, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

Интересно е што еден од дивизијата Д ќе биде директен патник на ЕП 2020, преку плејоф, што значи дека Македонија ќе има историска шанса преку Лигата на Нациите да игра на еден европски собир во сениорска конкуренција.

Според правилникот, во иста дивизија би можеле да бидат Русија и Украина, односно Азербејџан и Ерменија, но не би можеле да играат во иста група. Информации околу ждрепката УЕФА најави во блиска иднина.
Останатите дивизии според сегашниот ранк би изгледале:

ДИВИЗИЈА А: Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Швајцарија, Италија, Англија, Полска, Хрватска, Исланд, Шведска

ДИВИЗИЈА Б: Словачка, Русија, Холандија, Украина, БиХ, Австрија, Ирска, Северна Ирска, Турција, Велс, Чешка, Словенија

ДИВИЗИЈА Ц: Унгарија, Данска, Грција, Албанија, Романија, Србија, Црна Гора, Израел, Шкотска, Бугарија, Норвешка, Кипар, Литванија, Азербејџан, Белорусија

ДИВИЗИЈА Д: Финска, Естонија, Ерменија, Грузија, Фарски Острови, Летонија, МАКЕДОНИЈА, Молдавија, Казакхстан, Луксембург, Андора, Лихтенштајн, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e