Лазаров: Покажавме дека имаме срце и знаење, но не добивме рамноправно судење

Македонската ракометна репрезентација одигра квалитетен натпревар против Шпанија, а иако многумина очекуваа дека ќе се чуваме за дуелот со Исланд, Кире Лазаров и неговите колеги го намачија противникот и покажаа врвен спортски карактер.

Нашиот капитен тоа го потенцираше и по завршувањето на натпреварот.

– Тоа е голем комплимент, ние сме чисти пред Бога, иако се истрошивме повеќе од што требаше. Дадовме максимум, бевме во игра, покажавме дека имаме срце и знаење, иако го загубивме натпреварот во последните минути. Ретко во кариерата сум се жалел од судиите, но на ова првенство немаме добар третман од ИХФ и тоа ме иритира. Истото се случи и против Тунис кога корејската двојка не оштетуваше дали несакајќи или од незнаење, но тогаш добро се заврши по нас. Од овој квалитетен натпревар добивме ростер со повеќе играчи, правевме и грешки, но треба да се даде поддршка бидејќи утре е голем ден, силно го посакуваме тоа трето место.

Не успеавме да ја изненадиме Шпанија, а не чека дуел со Исланд…

– Шпанија е многу квалитетна екипа, посебно тактички добро поткована, знам како функционира тој систем и треба да го респектираме нивниот ракомет. Ние добро се носевме и тоа ни дава надеж дека можеме и подобро, посебно против послаби репрезентации, – потенцираше Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e