Кошаркарите паднаа на вториот испит: Неочекувано висок пораз од Британија

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство и тоа на гостувањето кај Велика Британија со резултат 96:79.

Избраниците на селекторот Драган Раца имаа предност само по крајот на првиот период кој го добија со 30:28, за во продолжение Британците да го преземат водството и да доминираат до крајот на натпреварот во Лондон.

На полувреме резултатот беше 50:43, а во третиот период македонските репрезентативци не успеаја да ја намалат негативата и наместо тоа Британците ги дочекаа последните десет минути со резултат 69:60. Резултатското заостанување очигледно имаше негативно влијание врз нашите кошаркари, па Британија го искористи последниот период за да дојде до убедлива победа од 96:79, а во прилог им одеше и фактот што Дујковиќ заработи пет лични грешки на седум минути до крајот.

Војдан Стојановски постигнал 28 поени и на оваа средба како најдобар реализатор кај Македонија, додека Боатенг постигнал 18 поени во дресот на победничката репрезентација.

За нашата репрезентација ова е прв пораз по два одиграни натпревари, а Британците имаат ист скор откако во првата рунда загубија од Унгарија која веќе собра две победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e