Конте одговори на провокацијата на Мурињо пред големото дерби со Тотенхем

Жозе Мурињо обвини дека Челси добива привилегии од страна на првите луѓе на ФА во обидот да стигне до титулата во Премиер лигата, а како пример за тоа го зема распоредот за време на празничните кола кои веќе се пред самиот крај.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед порача дека Челси добива најмногу привелегии со тоа што не одигра два меча во 48 часа, изјава која воопшто не му се допадна на Антонио Конте кој реши да му одговори на Португалецот, но со доза на голем респект.

Конте во ниту еден момент не го спомена името на Мурињо, но порача дека таквата изјава е само знак за љубомора за резултатите кои ги остварува Челси во овој момент.

– Можам да одговорам дека јас не го правев распоредот. Да, имаме мала предност во однос на Тотенхем поради тоа што игравме еден ден порано. Но, за време на сезоната таквите работи се менуваат, еднаш се добри за едни, друг пат за други. Ова во ниту еден случај не може да се каже како предност, мислам дека тие се лути и љубоморни за нашата позиција на табелата, не за распоредот, – истакнал менаџерот на „сините“ пред денешното големо дерби со Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ