Георгиевски: Ќе го дадеме последниот атом од силите за да го победиме Исланд

Македонија не беше надиграна, ама загуби од Шпанија во Мец со 29-25 што значи дека денеска ни останува клучниот дуел со Исланд за третата позиција во групата Б што ќе значи одбегнување на домаќинот Франција во осминафиналето.

Нашите ракометари жалат што синоќешната добра игра не ја крунисаа барем со бод, но ветуваат дека ќе дадат се од себе утре за да ги совладаат „рибарите“ иако и ни одговара и реми за да ја задржиме сегашната позиција.

-Треба да ни биде криво за овој натпревар, одигравме фантастично против еден ваков фаворит како Шпанија. На крајот беа поумешни, подисциплинирани и издвојуваа заслужена победа. Ние не треба да размислуваме за оваа средба, продолжуваме понатаму, утре не чека Исланд. Нема многу време за подготовки, треба добро да се одмориме и со чисти глави да излеземе на терен и да победиме. Ние како и денеска ќе го дадеме максимумот, последниот атом од силите за да издвојуваме победа, -рече Гоце Георгиевски кој денеска постигна три гола од исто толку обиди, рече Гоце Ѓеоргиевски по завршувањето на мечот со Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e