ФИФА потврди: Реал и Атлетико нема да можат да регистрираат нови играчи до 2018

ФИФА ја одби жалбата на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид и потврди дека двата клуба нема да можат да регистрираат нови играчи во наредните два преодни рока.

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид добија исти казни како и Барселона претходно. Нема да можат да регистрираат нови засилувања во наредните два преодни рока поради кршење на правилата за ангажман на играчи под 18 години.

„Двата клуба имаат забрана за регистрирање на фудбалери на национално и меѓународно ниво во двата наредни преодни рока“ – стои во соопштението на ФИФА.

Тоа значи дека Реал и Атлетико Мадрид нема да имаат нови играчи во јануарскиот и следниот летен период. Првиот нов фудбалер ќе може да го регистрираат на 1. јануари 2018 година.

Дополнително и двата клубови се казнети и парично со 900.000 и 360.000 швајцарски франци и се предупредени во рок од 90 дена да ја регулираат ситуацијата со сите малолетни играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e