Доделени се 1 милион денари за успехот на македонските ракометари до 21 година

Агенцијата за млади и спорт додели 1 милион денари на Ракометната Федерација на Македонија за значајниот успех на нашите ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија 6-то место.

Од агенцијата велат дека го вреднуваат трудот на младинските категории во спортот и дека само со дополнителна поддршка може да продолжиме со успешните резултати и привлекување на што поголем број на млади луѓе да се занимаваат со спорт.ams
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи, залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделувањето на средствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e