Блескав старт на Лестер во ЛШ, Реал со пресврт во финишот до победа

Синоќа се одиграа вторите осум натпревари од првото коло на лигата на европските шампиони во фудбал.

Лестер со убедлива победа од 3-0 во Бриж ја почна својата авантура во Лигата на шампионите, Реал Мадрид со два гола во самиот финиш дојде до триумф над Спортинг Лисабон, Јуве одигра 0-0 против Севиља.

Лестер имаше деби од соништата во Лигата на шампионите откако со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Клуб Бриж.

Серијата ја отвори Албрајтон уште во 5. минута, се најде на вистинското место по еден кикс на домашниот голман и не му беше тешко да реализира. Махрез со прекрасен гол во 29. минута носи предност од 2-0, а уште еднаш беше прецизен во 61. овој пат од пенал за конечни 0-3.

Јувентус не успеа да го скриши отпорот на Севиља во првото коло од Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион имаше повеќе шанси за погодок, но не успеа да ги реализира. Севиља дојде до по бод и си замина со него.

Реал Мадрид со два гола во самиот финиш направи комплетен пресврт против Спортинг Лисабон и победи со 2-1.

Спортинг водеше со гол на Цезар од 48. минута, најпрво Роналдо изедначи во 89., а во 95. минута од мечот Мората погоди за победа од 2-1.

Манчестер Сити лесно со 4-0 ја победи екипата на Борусија Менхенгладбах. Агуеро постигна хет-трик, еден гол беше дело на Ихеначо.

Најубедливата победа ја забележа Борусија Дортмунд која со 6-0 ја торпедираше Легија на нејзин терен. Геце, Папастопулос, Бартра, Гереро, Кастро и Обамејанг беа стрелци на головите за германскиот тим.

Монако добрата форма од домашното првенство ја пренесува и во Лигата на шампионите откако со 2-1 го победи Тотнем на Вембли.

Динамо Загреб уште еднаш покажа дека екипите од овие простори се далеку од елитата откако со 3-0 загуби кај Лион кој играше без неколку клучни играчи.

Баер Леверкузен пропушти предност од 2-0 против ЦСКА Москва, натпреварот заврши 2-2. Киксна и Порто на свој терен кој одигра само 1-1 против ФК Копенхаген.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e