Зошто спиењето во ладна соба е подобро отколку во топла?

Една од најголемите грешки кои ги правиме кога надвор времето ќе залади е вклучување грејно тело во спалната соба.

Според многу доктори, на температура повисока од 24 степени, сонот веќе губи квалитет и може да се разбудите уморни, наместо наспани.

Во текот на ноќта температурата на телото опаѓа, а доколку во собата е меѓу 15 и 19 степени Целзиусови, побрзо ќе заспиете. Внимавајте да не оди над 24, односно да не паѓа под 13 степени.

На овој начин ќе изгледате одморено, сонот ќе биде помирен, а и го намалувате ризикот од метаболички заболувања, како што е дијабетесот.

Затоа, следниот пат кога ќе бидете во искушение да вклучите греалка или печка во собата каде спиете, сетете се на овие зборови и подобро искористете уште едно ќебе, наместо да ја загревате спланата соба.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e