Зошто магнезиумот е важна хранлива материја?

Магнезиумот е многу важен минерал за здравјето на луѓето. Како четврти најзастапен минерал во човечкото тело, тој е неопходен за здрави коски, срце, мускули и нерви.

Покрај тоа, тој му помага на телото да ја контролира енергијата, шеќерот во крвта, крвниот притисок и многу други процеси. „Инсајдер“ истражувал и открил за што точно е добар магнезиумот, колку треба да се зема на дневна основа и што се случува кога имаме недостаток на магнезиум во организмот.

Колку магнезиум треба да внесуваме во текот на денот?

Постојат два вида на есенцијални минерали што му се потребни на човечкото тело: макро и микро минерали. Магнезиумот е еден од седумте макро елементи, што значи дека ни треба релативно голема количина секој ден за да останеме здрави.

Количината на магнезиум што ви треба во текот на денот зависи од нашата возраст и, ако сме возрасни, од полот.

Според Националниот институт за здравство, оваа количина на магнезиум треба да се внесува секој ден:

од раѓање до 6 месеци (30 мг)
7-12 месеци (75 мг)
1 до 3 години (80 мг)
од 4 до 8 години (130 мг)
9 до 13 години (240 мг)
14 до 18 години (410 мг за момчиња и 360 мг за девојчиња)
над 18 години (400 – 420 мг за мажи и 310 – 320 мг за жени)
бремени жени (350 – 400 мг во зависност од тоа колку години има)
доилки (310 – 360 мг во зависност од тоа колку години има)

Која храна е богата со магнезиум?

Овој минерал можете да го најдете во многу намирници. Може да биде тешко да се одреди количината на магнезиум што се наоѓа во храната бидејќи Агенцијата за храна и лекови (ФДА) не бара количеството магнезиум да биде на етикетата, освен ако овој минерал не се додаде на одреден производ и од нив се бара да ги известат потрошувачите. Ако јадете здрава исхрана или следите диета како што е медитеранската диета, веројатно добивате доволно магнезиум на дневна основа. Ако јадете 30 гр јаткасти плодови, внесовте доволно магнезиум за тој ден.

Што прави магнезиумот?

Околу 60% од магнезиумот е присутен во нашите коски и заби. Од овие причини, магнезиумот игра важна улога во одржувањето на здравјето на коските и забите, недостаток на овој минерал може да доведе до остеопороза и пародонтална болест. Останатите 40% магнезиум се наоѓаат во клетките на мекото ткиво кои се наоѓаат низ целото тело. Во овие клетки, магнезиумот ги врзува клучните молекули: протеини, нуклеински киселини и липиди. Ова дејство на врзување е она што ги прави молекулите способни да ја завршат својата работа, како што се создавање протеини, репликација и поправка на ДНК. Од овие причини, недостаток на магнезиум го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, хипертензија, кардиоваскуларни болести и мозочен удар.

Знаци дека вашето тело има недостаток на магнезиум

Раните знаци дека вашето тело има недостаток на магнезиум се: треперење, грчеви во мускулите, гадење, повраќање, губење на апетит, замор и слабост.

Многу е ретко на некое лице да му недостасува голема количина на магнезиум, бидејќи се наоѓа во мноштво храна, но сепак не е невозможно. На крајот на краиштата, здравите луѓе не спаѓаат во ризична група кога станува збор за сериозен недостаток на магнезиум. Постојат посебни здравствени услови кои можат да бидат причина за недостаток на овој минерал. Кај луѓето кои страдаат од болести на гастроинтестиналниот тракт, дијабетес тип 2, хроничен алкохолизам, како и кај постари лица, може да има сериозен недостаток на магнезиум во телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e