Знаци кои укажуваат дека со вашиот џигер нешто не е во ред

Џигерот е многу важен орган затоа што тој влијае на здравјето на останатите органи и генерално на целиот организам.

Џигерот филтрира крв, вклучувајќи ги и штетните токсини од организмот. Истовремено џигерот учествува и во варењето и произведувањето на одредени ензими поради тоа неопходно е да се грижиме за неговото здравје.

„Тој е најважниот орган“, вели д-р Харисон.

Тоа што предизвикува најголеми проблеми со џигерот секако дека се токсините кои што долго се задржуваат во тој орган. Кога ќе се успори процесот на прочистување, тогаш настануваат компликациите. Според пишувањето на Глобалниот институт за џигер, постојат околу 100 различни болести на џигерот.

Во продолжение прочитајте кои знаци не смее да ги занемарите:

Црна Акантоза

Болестите на џигерот често можат да се манифестираат низ разните промени на вашата кожа, а една од нив е црната акантоза. Станува збор за ретка болест, а д-р Харисон ја опишува како појавување на темни дамки на подрачјето на вратот.

Изразени вени во облик на пајакова мрежа

Ова е уште еден симптом на кој што треба да внимавате, смета д-р Харисон. Тие можат да се појават како нови црвенкасти линии по лицето и вратот.

Жолтица

Д-р Харисон смета дека доколку болеста на џигерот се влошува кај пациентот може да се појави жолтило на кожата.

Отекување на стомакот

Ова е уште еден симптом на болест на џигерот, зголемување на обемот на половината или пак отекување на абдоменот во голема мера.

Не може да го запрете чешањето

Заболениот џигер може да предизвика чешање по целото тело. „Не ја знаеме со сигурност вистинската причина, но тоа се поврзува со нивото на жолчната сол“; наведува докторот.

Ментални проблеми, заборавање и умор

Доколку ви се случува одненадеж да заборавате работи, важни датуми и податоци, немојте слепо да верувате дека тоа е последица на стрес и умор.

„Доколку забележите некој од овие симптоми, задолжително побарајте медицинска помош“, вели д-р Харисон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e