За што сè му е потребен магнезиум на нашиот организам?

Ако наутро станувате тешко, ако во текот на денот сте напнати и имате слаба коцентрација, ако немате квалитетен сон – можеби страдате од недостаток на магнезиум во организмот.

Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој олигоелемент го регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек. Кај бремените жени, магнезиумот го намалува ризикот од спонтан абортус и предвремено породување.

Недостаток на магнезиум се јавува ако не го внесуваме доволно со храната или ако имаме зголемени потреби за овој олигоелемент, како што е случај при бременост и доење. Болестите кои можат да доведат до недостаток на магнезиум се: заболувања на бубрезите, шеќерна болест, наследни заболувања, алкохолизам.

Поради недостаток на магнезиум доаѓа до преосетливост на нервниот систем, до раздразливост, нервоза, грчеви во мускулите, пореметена работа на срцето и на органите за варење.

Недостатокот на магнезиум доведува до недоволното искористување на калциумот за потребите на организмот. Исто така, недостатокот на магнезиум се поврзува и со појавата на малигните заболувања.

Количината на магнезиум која ви е потребна во текот на денот зависи од вашите години и пол. Според Националниот институт за здравје листата изгледа вака:

Од 0 до 6 месеци – 30 мг

Од 7 до 12 – 75 мг

Од 1 до 3 години – 80 мг

Од 4 до 8 – 130 мг

Од 9 до 13 – 240

Од 14 до 18 – 410 мг за момчиња и 360 мг за девојчиња

Над 18 години – 400-420мг за мажи и 310-320 за жени

Бремени жени 350-400 мг

Доилки 310- 360 мг дневно

Храна која е богата со магнезиум

Овој минерал може да го најдете во многу намирници. Може да биде тешко да се одреди точната количина на магнезиум кој се наоѓа во намирниците. Доколку се храните здраво или се држите до медитеранска диета, најверојатно ја внесувате потребната доза на магнезиум на дневно ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e