Во чаша топло млеко додадете ги овие состојки и решете го проблемот со кашлицата

Кашлицата е најчеста причина заради која се оди на лекар. Повременото кашлање не е знак на болест, но искашлувањето никако не треба да се запостави. Причината за нејзина појава е вирус, а поретко бактерија. Кога станува збор за вирус, антибиотици не делуваат и се препорачува домашно лечење, но ако вирусното воспаление се занемари, тогаш може да се појавии бактериска инфекција која што се лечи со антибиотици.

Доколку во млекото додадете и малку жалфија тогаш тој проблем ќе исчезне за краток временски период, велат луѓето кои што се добро запознати со таквите методи на лечење.

Високиот процент на етерични масла кои што содржат антибактериски и антифламаторни дејства, како и големата количина фосфорна киселина, витамин Ц, Б1, П и тианин, ја прават жалфијата многу моќен сојузник во борбата со кашлицата.

Во комбнација со млеко таа дава одлични резултати, но само доколку ја подготвите вака:

Неопходно е во тенџере да ставите 250 милилитри млеко, да додадете една супена лажица жалфија и да оставите да врие на умерена температура.

Кога млекото ќе зоврие, тргнете го тенџерето од огнот. Во напитокот додадете и една лажица путер, поклопете и оставете да отстои околу 15 минути.

Напитокот процедете го и додадете една лажица мед и прстофат куркума, па сè добро промешајте.

Пијте ја оваа мешавина еден час пред да си легнете!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e