Вкусен милиброд со џем од јагоди

Подготвката е лесна, а добиениот резултат е многу вкусен. Предлог вкусен милиброд со џем од јагоди.

Потребни состојки:

150 мл млеко

150 мл јогурт

100 мл масло

50 гр шеќер

1 квасец

600-700 гр брашно

Џем

Начин на подготовка:

Измешајте ги течните состојки со сувите во средно меко тесто. Постепено додавајте брашно. Оставете го тестото да нарасне па поделете го на 2 дела. Секој дел расукајте го во правоаголна кора и премачкајте со џем. Свиткајте ги ролатите и наредете ги на хартија за печење во модли или тава. Печете на 180 степени додека да добијат златно-кафеава боја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e