Слатко задоволство: Рецепт за чоколаден сутлијаш!

Го сакате сутлијашот? Пробајте го овој превкусен десерт на малку поинаков начин.

За да го подготвите чоколадниот сутлијаш од намирници потребно ви е – 1 литар млеко, 150 гр ориз, 1 ванилин шеќер, 6 лажици шеќер, 150 гр темно чоколадо, 50 гр путер.

Подготовка

Оставете го млекото да зоврие заедно со обичниот шеќер и ванилиниот шеќер, па додајте го маргаринот. Мешајте додека не се стопи.

Додајте го оризот и варете околу 20-на минути. Потоа, додајте го и чоколадото, и варете уште 10-на минути на тивка температура со често мешање.

Чоколадниот сутлијаш е готов кога оризот убаво ќе омекне. Ако случајно ви излезе малку поредок, додадете 1 лажица густин или малку чоколаден пудинг. Дeкорирајте го со коцка чоколада и послужете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e