Што ви дава, а што ви ја одзема енергијата?

За да го кренете вашето енергетско ниво, мора да бидете свесни кои предмети во вашето окружување може да влијаат на животната енергија со која што зрачите.

Кога не ви е до ништо, кога секоја активност ви претставува напор, обидете се дда го кренете вашето енергетско ниво. За да ви тргне од рака, погледнете со што треба да бидете опкружени, а што треба да фрлите од вашиот дом, затоа што го забавуваат протокот на енергија.

За да го кренете вашето енергетско ниво, мора да бидете свесни кои предмети во вашето окружување може да влијаат на животната енергија со која што зрачите. Еве неколку совети на брзина.

Што ќе ви помогне да го кренете вашето енергетско ниво?

Зелено јаболко – штом ќе го земете, ќе се чуствувате подобро. Се што е природно и здраво ја крева енергијата.

Длабоко дишење – Застанете, оставете ја работата што ја работите во моментот. Дишете длабоко 60-тина секунди.

Цвеќе – позитивно влијае на енергетските извори кај човекот.

Животни – Познато е дека луѓето што сакаат животни се сметаат за добри луѓе. Животот во близина на животни ќе ве оплемени и ќе ви ја засили енергијата.

Што ви ја одзема енергијата

Свила – Иако е природен материјал сите работи изработени од свила негативно влијаат на нашата животна енергија. Дури пожелно е да избегнувате да носите и свилени чорапи.

Цигари – за ова не треба многу да се говори, и медицински е докажано дека повеќекратно му штетат на организмот.

Мобилен телефон – Го забавува протокот на животна енергија.

Чоколатца – Избегнувајте го шеќерот. Шеќерот во исхраната остава негативни последици.

Технички уреди – Општо е познато дека компјутерите, телевизорите, ЦД читачите и сличните уреди емитуваат електро магнетно зрачење које лоше влијае на вашето здравје!

Следен пат кога ќе се чувствувате тажно, депресивно и како воопшто да немате енергија, обидете се да примените дел од овие совети. Тие ќе ви помогнат да го кренете вашето енергетско ниво!

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e