Русија почна со производство на Спутник В во спреј

Назалната верзија на вакцината Спутник В исто така ќе биде двокомпонентна, но во форма на спреј и ќе ја даваат само лекари, изјави заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова.

– Тоа е истата двокомпонентна вакцина Спутник В, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати, рече Ракова.

Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние на кои не им се препорачува вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e