Рецепт за есенски колач од тиква

Мирисот на печена тиква е првата асоцијација за есен. Во комбинација со цимет, создава неповторлив вкус кој е уживање за нашите непца.

Истиот овој вкус можете да го примените и за да подготвите вкусен бисквитен колач, кој ќе ве потсети на детството и на тогашната безгрижност.

Состојки:

200 гр рендана тиква
250 гр шеќер
100 мл масло
Едно јајце
200 мл млеко
150 гр пченичен гриз
50 гр мелени ореви
Една лажичка цимет
Три полни лажици меко брашно
Една кесичка прашок за пециво

Прелив (по желба):

100 гр чоколадо за готвење
4 лажички шеќер
100 мл млеко
Една лажичка путер

Подготовка:

Изматете го јајцето со маслото, додадете ги млекото и шеќерот и матете уште малку. Во оваа смеса ставете ја ренданата тиква и другите состојки, а сосема на крај ставете ги брашното и пецивото. Измешајте и префрлете во намастен и набрашнет калап за печење. Печете 35 минути на 200 степени Целзиусови.

Подгответе го преливот така што ќе ги стопите сите состојки заедно и ќе ги измешате. Прелејте го топлиот колач со топол прелив. Откако ќе се излади, исечете го бисквитот на правоаголни парчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e