Природен лек против надуеност и гасови

Одличната комбинација од лековитите состојки го прави овој домашен лек ефикасно средство против надуеност и гасови.

Доколку често страдате од надуеност на стомакот и гасови, ви го предложуваме овој природен сок кој може да биде решение за овие проблеми.

Потребно ви е:

– Половина мал ананас

– Половина главица или 2 стебленца анасон

– 2 стебленца целер со листови

– едно парче корен од ѓумбир 2-3 см

Сите состојки измешајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба за смесата да биде течна. Пијте го напитокот на празен стомак додека не исчезне надуеноста.

Ананасот содржи ензими кои помагаат при варењето. Целерот спречува задржување на водата и го спречува ждригањето. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обнова на цревната флора. Поради тоа оваа моќна комбинација може да ви помогне да се ослободите од надуеноста и проблемите со варење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e