Природен чај кој лекува многу болести

Овој неверојатен чај, кој лечи и спречува многу болести можете да го подготвите само од пет состојки. Главната состојка е куркумата, која има важна улога во детоксикацијата на организмот, делува против воспалителните процеси и го забавува процесот на стареење. Куркумата има позитивен ефект кај деменцијата и карциномот.

Во овој чај се додава и кардамом, зачин кој потекнува од Блискиот Исток, а неговите лековите својства се надалеку познати. Тој се користи во народната медицина за лекување на воспаленија на грлото и белите дробови, како лек за дигестивните нарушувања, но и како лек за камења во бубрезите и жолчката.

Со овој чај се лекуваат мачнините и другите стомачни потешкотии.

Ова се само некои од потенцијалните бенефити кои ги носи овој чај, а се верува и дека може да се користи и за лекување на дури 50 различни здравствени проблеми.

Еве како можете да го направите овој неверојатен и природен напиток.

Куркума
Лековитите својства на куркумата се прилично популарни. Соединението куркумин ги намалува воспаленијата, се бори против рак и му помага на срцето да го сочува здравјето.

Ѓумбир
Ѓумбирот ги ублажува мигрените, има антивоспалителни својства и помага во борбата против рак.

Цимет
Овој зачин го снижува и регулира шеќерот, лекува вирусни инфекции, како што се настинки, грип и кашлица.

Кардамом
Ако сакате да го спречите создавањето на крвни згрутчувања, користете кардамом. Овој зачин го одржува здравјето на крвните садови, ја подобрува циркулацијата на крвта и ги прочистува бубрезите.

Мед
Медот исто така се вика и најздравата храна на планетата. Му дава пријатен вкус на чајот и претставува извор на енергија за телото, го зајакнува имунитетот.

Состојки:
половина лажица ѓумбир
половина лажица цимет
1/6 лажица куркума
прстофат кардамом
500 мл вода
1 лажица мед

Приготвување:
Земете 500 мл вода и оставете ја да врие на тивок оган. Кога водата ќе зоврие, додајте ѓумбир и цимет. А потоа и куркума, кардамом и промешајте. Оставете го сето тоа да врие 5 до 10 минути. Оставете го да се олади десетина минути, а потоа исцедете го чајот и засладете го со мед.

Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и вити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e