Пригответе си детокс вода по празничните прејадувања!

Покрај бројните позитивни здравствени својства, водата е исто така достапна за сите.
Меѓутоа, ако не сте љубител на обична вода, збогатете ја со омилените вкусови што нема да ги неутрализираат нејзините позитивни ефекти врз здравјето.Но, се разбира и добро ќе ви дојде по празничните прејадувања.

Вода со цимет

Промешајте го стапчето цимет во малку вода и оставете ја оваа ароматична течност да служи како концентрат што ќе го разредете со вода. Покрај одличниот вкус, циметот, исто како и водата, има бројни лековити својства – може да го намали нивото на шеќер во крвта и холестерол.

Вода со вкус на овошје

Само неколку капки свежо исцедено овошје ќе и дадат на водата нова арома, и нема да биде потребно да додавате засладувачи.

Вода и зачини

Додадете листови од босилек или нане во шише со вода и оставете го преку ноќ. Можете исто така да додадете неколку капки лимон наутро и ќе добиете освежителен пијалок.

Вода со вкусни коцки мраз

Без разлика дали замрзнувате кафе, вода и овошје или пире од ананас и малини, овие вкусни коцки мраз ќе дадат посебна нота на чаша обична вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e