Предупредување: Дијабетесот е најголема здравствена закана на модерното време

Според новото предупредување на Светската здравствена организација, шеќерната болест стана една од најголемите здравствени закани на модерната доба, со 422 милиони заболени. „Бројот на заболени од дијабетес до 2014-та се искачи на 422 милиони, што е четирикратен пораст на болните во однос на податоците од 1980 година, кога имало 180 милиони дијабетичари. Предупредуваме дека сè поголем број луѓе во светот заболуваат поради промените на начинот на живот, исхраната и на движењето, односно поради седечкиот начин на живот“, истакна СЗО во соопштението.

Знаете ли што е предијабетес?

Станува збор за состојба во која нивото на шеќерот во крвта е повисоко од нормалното, но не е доволно високо за да се дијагностицира дијабетес. Оваа состојба ѝ претходи на болеста, но и се поврзува со 15 отсто повисок ризик од рак на црниот дроб, панкреасот, желудникот, дојките и на матката. Меѓутоа, не се поврзува со зголемен ризик од рак на простата, јајници, бубрези, мочниот меур и на белите дробови. Колку е „поширока“ половината, толку е поголем и ризикот од дијабетес тип 2. За мажите, границата во сантиметри изнесува 100 см, а за жените 88 см. Ризикот од дијабетес кај жените е трипати поголем. Кај мажите, тој ризик со преминување на границата од 100 см станува петпати поголем.

Симптоми и превенција

Симптомите на оваа „тивка“ болест понекогаш не се појавуваат со години, па често се открива кога болеста веќе е доста напредната. Симптоми се: засилена жед, сувост на устата и пиење многу течности, често обилно мокрење, засилен град и прејадување, губење на телесна тежина, умор, безволност, замаглување на видот, чувство на боцкање и на трпнење на дланките и на стапалата, отежнато зараснување на раните, јадеж и чести бактериски и габични инфекции на кожа и на слузокожа, како и слабеење на слухот. Ризикот од дијабетес може да се намали со здрава исхрана и со редовна физичка активност, а утврдено е дека кај 1/3 од дијабетичарите можат да се избегнат лековите со симнување на вишокот килограми,  поздрава исхрана и со планирање на оброците.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e