После колку дена од инфекцијата со коронавирус се појавуваат симптоми?

Коронавирусот се шири исклучително брзо низ целиот свет и во моментов инфицира околу 40 милиони луѓе ширум светот. Ако неодамна сте биле во контакт со личност која е позитивна на ковид-19 или не сте носеле маска во затворен простор, може да се сомневате дека и вие сте заразени. После колку време од изложеноста на вирусот почнуваат да се појавуваат симптоми кај заразено лице?

Според Светската здравствена организација (СЗО), „за да се покажат симптомите, потребни се во просек од 5 до 6 дена од кога некој се заразил со вирусот, но може да потрае и до 14 дена“.

Пет до 14 дена е долг период да седите и да чекате да се појават температура, кашлица, отежнато дишење, губење на мирис или вкус или некои други симптоми на ковид-19. Меѓутоа, по потенцијално изложување на вирусот, клучно е да бидете во самоизолација за да не заразите некој друг.

Додека сте во карантин, не треба да се гледате со други луѓе, „бидејќи симптомите може да се појават во рок од два до 14 дена по изложувањето, но може да бидете заразни дури и пред да се појават симптомите“, вели д-р Мајкл Ричардсон.

Дури и ако не чувствувате симптоми за тоа време, сепак можете да го носите вирусот, затоа избегнувајте пријатели, семејство и други членови на домот ако мислите дека сте биле изложени на вирусот. Ако не чувствувате симптоми за пет до 14 дена, размислете за тестирање на ковид-19 за да ги отфрлите сите сомнежи. Исто така, постои можност да сте асимптоматски носител, што значи дека го носите вирусот во вас и можете да го пренесете на други луѓе дури иако не покажувате симптоми.

Значи, ако мислите дека сте биле изложени на вирусот, изолирајте се 14 дена и потоа тестирајте се за да бидете сигурни. На тој начин, ќе се заштитите себеси и вашите најблиски, пишува Eat this.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e