Поразителни факти: Аерозагадувањето расте, децата под ризик од астма

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни честички во воздухот во голема мера ги надминува препорачаните нивоа.

Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат предвреме секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат од нивната зависност од фосилни горива. СЗО споредува загадување на воздухот по однос на пушењето и нездравата исхрана. По ова, пред самитот COP26 во ноември, од 194 земји-членки се бара да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да започнат активности поврзани со климатските промени.

Со децении, границите на она што се смета за прифатлива количина на загадување се намалени, а во Обединетото Кралство, на пример, дозволените граници за најопасното загадување се четири пати повисоки од максимално дозволените од СЗО.

Според СЗО, дури 80% од смртните случаи поврзани со честичките ПМ2,5 би можеле да се избегнат доколку сегашните нивоа на загадување беа на ниво на оние што се предложени во упатстватa.

Неодамна објавените упатства ја преполовија максималната препорачана количина на изложеност на опасни честички наречена PM2.5. Упатствата, исто така, бараат намалување на препорачаната граница и na другиte микрочестички, на пример, PM10 е намалeн за 25%. Други загадувачи вклучуваат озон, азот диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Загадувањето на воздухот е дополнително поврзано со болести како што се срцеви заболувања, инфаркти и астма. Кај децата, постои можност загадувањето негативно да влијае на растот на белите дробови и да предизвика астма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e