АНАЛИЗА: Инфлацијата само кај “храната“ скоро 7%, ќе растат цените на горивата, печеницата

Не само оваа 2026 та, туку и следната 2027-ма ќе биде година во која ќе се води “борба“ со поскапувања. Новата анализа на Народната Банка за прв пат годинава ги нотира ризиците и последиците од новиот воен фронт на Блискиот Исток, пишува Порталб. Во март годинава статистиката забележа “двоцифрена инфлација’“ кај дел од основните прехранбени производи.

Ценовното цунами е ризик за сите индустриицените на основните прехранбени производи растат

Шеќер, кафе, сокови, безалкохолни пијалаци, чај, овошје, месо – кај сите овие производи кои се дел од групата на основни, кои граѓаните ги користат секојдневно , во март инфлацијата е двоцифрена. Статистика го потврди она на што алармираа граѓаните, трошоците на живот само кај храната се зголемени за 6,96%, а во рамките на основните прехранбени производи. “Порталб“ направи увид во деталните податоци за трошоците на живот за најважните основни прехранбени производи  и еве што покажаа мерењата на Заводот за статистика – трошоците на живот  кај за месо се зголемени за скоро 12,8%, за млекото, млечните производи, јајцата растот е за 8,12%, за шеќерот за 10,22% додека порастот на трошоците кај маслото и мастите изнесува скоро 7%.

Годишна инфлација во март

Храна                                                                        +6,96%

месо, живи животни                                            +12,76%

шеќер, слатки                                                        +10,22%

млекото, млечните производи, јајцата             +8,12%

масло и масти                                                           +6,88%

Извор : ДЗС

Во третиот месец од годинава вкупната годишна инфлација достигна 4,9%, со што веќе е извесно дека во првиот економски квартал, просечната инфлација веќе е пробиена. Според премиерот Мицкоски годишната инфлација била повисока зошто ланската била на многу ниско ниво поради “велигденските и рамазанските кошнички“ со регулирани цени.

“Има и такви кои ќе се исмејуваат со тоа што јас ќе го кажам но повторно сме во првите пет во Европа, помала месечна стапка на инфлација од нас имаат Словенија, Словачка, Естонија и Белгија“ – рече премиерот.

Лани во март во однос на март 2024 та , во услови кога на сила биле владините ценовни мерки,  годишната стапка на инфлација сепак била блиску до 3% односно изнесувала точно 2,73%.

Дека не очекува ризичен период во кој ќе растат не само суровините за основните прехранбени призводи,  туку и натаму ќе поскапуваат и горивата и металите, нотираше и Народната Банка која го објави мартовскиот извештај во кој за прв пат ги нотира ризиците од војната на Блискиот Исток.

“Се очекува силен раст на цената на нафтата, наспроти падот што се очекуваше во октомври, поради најновите воени случувања на Блискиот Исток. Слични поместувања во проекциите има и кај цената на пченицата, главно заради загрижености околу идната понуда. Значителен раст се очекува и кај цените на металите“ – наведуваат од Народната Банка.

Иако според аналитичарите, обемот на последиците од инфлаторниот удар ќе зависат од тоа колку ќе трае војната, сепак, годинава се оценува како ценовно критична, па дури се очекува овој ризик да се прелее и во 2027 та.

“За 2027 година, пак, се очекува поумерен раст во однос на октомвриските проекции, додека кај цената на нафтата се предвидува и намалување, што засега упатува на очекувања на пазарите за краткорочни ефекти од воениот конфликт на Блискиот Исток. Сепак, движењата и оцените за цените на примарните производи и натаму се под силно влијание на геополитичките случувања, особено на Блискиот Исток, што создава значителна неизвесност околу нивната идна динамика, како и за потенцијалните ефекти врз светската и домашната економија“ – соопшти НБМ:

Најавата за двонеделен мир на Блискиот Исток  и почетокот на преговорите за траен мир веднаш се одразија врз ценовните движења – цената на барел нафта се намали дури и под 95 долари. Според домашната економска јавност, обемот на последиците ќе биде зависи од вкупното траење на тензијата и конфликтот. По празниците, во вторник Владата ќе одлучува за можни ценовни мерки, но дали тоа ќе се случи ќе зависи од извештаите на инспекциските служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e