ДАЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ МУ ИЗГЛАСААТ НЕДОВЕРБА НА ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ поради растечкото незадоволство кај земјоделците?

Денес пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
“Прва интерпелација од наша страна за оваа Влада. Интерпелацијата се темели на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни политики, селективна распределба на субвенции и целосен недостатоток на јасна стратегија, што доведе до уназадување на секторот и растечко незадоволство кај земјоделците.
Во Собранието детално ќе ги изложиме фактите и аргументите. Одлуката е на пратениците, дали ќе дозволат земјоделството да продолжи да тоне или ќе застанат зад одговорност, транспарентност и вистински политики што носат резултати.” – објави пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
 672687799_1494601292033702_565508543134101539_n
672679042_1494601302033701_4313619906158723_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e