Со овој зачин ќе се збогувате со темната кожа околу очите

Подочниците се голем проблем за многу мажи и жени. Но, и за овој проблем има лек кој малку знаат дека го имаат дома. Куркума е зачин кој се користи во исхраната но има голема лековита моќ кога станува збор за подочниците.

Оваа тропска билка ја содржи активната состојка, со силно противвоспалително дејство, куркумин, што влијае на намалување на подуеноста. Сè што треба да направите е густа смеса од куркума со малку сок од ананас и да ја нанесете на темните кругови околу очите. Но, водете сметка смесата да не ја нанесете премногу блиску до очите.

По 10 до 15 минути остранете ја маската од куркума со топла крпа и видете ги резултатите сами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e