Овој народен лек го зголемува хемоглобинот во крвта

Од овие состојки ќе добиете литарска тегла вкусна и многу лековита смеса…

Намалувањето на нивото на хемоглобинот во крвта, независно од бројот на еритроцити, црвените крвни зрнца, го намалува капацитетот на крвта да пренесува кислород и доведува до анемија.

Во народната медицина постојат повеќе рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта.

Еден од нив го препорачуваат и самите лекари, а исклучително е добар за зголемување на хемоглобинот, зголемување на нивото на крвни зрнца и подобрување на комплетната крвна слика.

За подготовка на овој природен лек ќе ви биде потребно: 200 мл мед, 200 гр ореви, 200 гр суво грозје, 200 мл сок од моркови (свежо цеден), 200 мл сок од цвекло (свежо цеден) и 2 лимона.

Подготовка: Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги во машина за мелење месо и ставете ги во чинија.

Додадете го медот, сокот од цвекло и сокот од моркови, па добро промешајте. На крајот додадете и ситно сецкани ореви и суво грозје, па сето тоа добро соединете го.

Ќе добиете литарска тегла со вкусна и многу здрава и лековита смеса. Чувајте ја во фрижидер. Консумирајте секој ден три пати на ден по една супена лажица пред оброкот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e