Николова: Со новиот инсулин почнав да го регулирам и следам нивото на шеќер

„Инсулините со сомнително потекло и квалитет без соодветен сертификат кои не делуваат на намалување на шеќерот во крвта го зголемуваат и ризикот од друг тип на заболувања поврзани со дијабетот“, вели во интервју за Хибрид, Сашка Николова.

„Поради неконтролираното ниво на шеќерот во крвта се јавуваат заболувања на: срце, крвни садови , бубрези, очи и сл. Токму поради тоа проверениот и докажан квалитет на инсулините е од клучно значење за нас дијабетичарите .Треба многу да се внимава кога се прима инсулинска терапија, кај мене на пример, шеќерот во крвта во тој период многу варираше. Имав на моменти огромни вредности кои и колку и да се боцкав не се спуштаа. Многу бев исплашена во тие моменти. Често менував инсулински пенкала надевајќи се дека следното ќе си ја заврши својата работа и вредноста на шеќерот во крвта најпосле ќе се намали. За среќа, во последно време се случи промена на гарнитура на раководството и најпосле некој имаше слух за овие наши сериозни повеќегодишни проблеми и не дозволи да помине оваа приказна со набавка на инсулин од паралелен увоз од сомнително потекло и без докажан квалитет. Со новите закони и правила кои се воведоа и со изострен слух за потребите на нас дијабетичарите, сега добиваме инсулини од проверен квалитет кои што навистина функционираат и ни помагаат да го контролираме нивото на шеќер во крвта“, вели таа.

Целото интервју на следниот линк!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e