Дали навистина постои разлика помеѓу фактор 30 и фактор 50?

СПФ 30 vs СПФ 50

СПФ(SPF) значи фактор за заштита од сонце. SPF 30 пропушта 1/30 од УВ зраците, додека кремот со заштитен фактор 50 пропушта 1/50. Кремите за сончање мора да се нанесуваат обилно за да се постигне SPF заштитата наведена на пакувањето. Се препорачува да користите било која крема со заштитен фактор 30 или повисок.

Сепак, треба да се забележи дека кремот со заштитен фактор 50 заштитува само малку подобро од кремот со фактор 30. СПФ повисок од 30 филтрира 98% од УВ зрачењето, додека СПФ 30 блокира 96,7% од УВ зрачењето.

Кремите сами по себе не се доволни и треба да се користат во комбинација со други мерки за заштита од сонце, вклучувајќи шешири или качи, облека со светла боја, очила за сонце и престој на сенка.

Важно е УВ, а не топлината

Многу луѓе погрешно веруваат дека им е потребна заштита од сонце само во топли, сончеви денови. Сепак, ултравиолетовото (УВ) зрачење од сонцето, а не топлината, е главната причина за изгореници, предвремено стареење, оштетување на очите и оштетување на кожата што доведува до рак на кожата.

Затоа и во облачни и студени денови не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e