Невен – билка со магични својства за кожата

Познатиот градинарски цвет долго време бил користен како анти-инфективен лек за раните кои веќе се залечуваат. Невенотот е неверојатно ефективен за намалување на воспаленија на кожата и подобрување на зараснувањето на раните, изгорениците, егземата и другите кожни болести.

За што најчесто се користи?

Надворешна употреба:

-Гаргара и миење на усната празнина за гингивитис, чирови на устата, отечено грло и орален осип

-Купка или крем – за бавно залечување на раните, чирови на ногата, зголемени или воспалени лимфни жлезди, акутно или хронично воспаление на кожата, варикозни вени, тромболебитис, рани, изгореници, дерматитис, акни, егзема, конјуктивитис (како средство за миење на очите)

Интерно:

-Состојби на воспаление: кај интерните органи, гастроинтестинални чирови, генитоуринарно воспаление или инфекции, хепатитис, воспаление на очите или дегенеративни состојби на очите

-Треска – како поддршка при лековите за менаџирање со треската

-Заздравување – изгореници (вклучително и изгореници од радијација), пореметување во циркулацијата и варикозни вени, чирови на стомакот, пореметување на кожата

Дневно дозирање

Како чај или ладна напивка: Една кафена лажица цвет од невен во 250 милилитри вода, да отстојат 30 до 40 минути, треба да се пијат две до три чаши на ден или да се употребува како средство за миење за надворешна употреба. Мора да се напомене дека чајот има многу неубав вкус, односно напивката е горка.

Предупредувања, контраиндикации и нус-појави

Невенот е генерално безбеден и добро толериран, но сепак има потенцијална штета за луѓето кои се чувствителни на допир со него. Оние кои се алергични на маргаритките се советуваат да одбегнуваат контакт со невенот. Не смее да се користи во бременост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e