Неколку причини зошто морате да спиете навечер голи

Многумина од нас навечер спијат во пижами. Пижамите се разните парчиња облека кои ние ги носиме кога си легнуваме и тие можат да бидат од преголеми маички кои можат да ви ги покријат колената до свилени пантолани и кошули.

Но, дали сте размислувале да ги „откачите“ пижамите на сметка на голотија? Еве неколку причини зошто е убаво да се спие без облека воопшто.

1. Поголем комфорт додека спиете

Доколку не сте знаеле, повеќето од луѓето најубаво спијат кога се во поладна средина.

Како што можете да замислите, облакање на екстра слој на облека и потоа вовлекување во под покривач или корган само ќе ви направи да ви биде потопло. Кога сме потопли отколку што треба, телото има проблем со препознавање дека е време за в кревет.

2. Телото треба да дише

За многу од општествата во Светот, носење облека што го покрива поголемиот дел од телото е повеќе од пракса. Во зависност од каде живееме, ретко се осмелуваме да излеземе надвор без да облечеме некое парче облека. Со носењето на облека му ја отежнуваме задачата на телото да „дише“.

Жените особено ова мора да го прават почесто бидејќи носењето на долна облека додека спијат може да „зароби“ некои инфекции предизвикани од бактерии и габи. Спиењето голи може да ги спречи овие несакани последици, а притоа да му овозможи на телото да биде во неговата природна средина.

3. Намалува стрес

Насекаде е општо познато дека интимноста и физичкиот допир може да предизвика драматични подобрувања на вашето ментално и емотивно здравје, па така спиењето голи само додава на овој ефект.

Додека спиеме голи до нашите партнери, „кожа на кожа“ контактот практично го топи стресот. Исто така помага при намалување на крвниот притисок и ги зголемува нивоата на среќа кај нас.

4. Вие и вашиот партнер ќе станете поблиски

Истражување кај 1000 брачни парови од Британија спроведено во 2014 година открило дека тие што спијат голи се посреќни од оние кои не го прават тоа.

Некои 57% од луѓето луѓето што спијат голи рекле дека се задоволни со нивните врски, во споредба со 48% од испитаниците кои го рекле истото, а спиеле со пижами.

Доколку имате потешкотии со партнерот, пробајте да минете ноќ без никаква облека.

5. Спиењето голи навечер може да ја намали вашата телесна тежина

Кога не ни е најкомфорен сонот, се зголемува нивото на стрес во нашето тело, па затоа се решаваме на брза храна и воопшто на работи кои не се здрави за нас.

Лошиот сон може да ја наруши природната хемија во телото, што може да предизвика до небалансирани хормони на стрес и раст.

Едноставно речено: доколку практикувате често здрав сон можете да ослабете и да ве натера да јадете поздраво.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e