Направете масло од цимет и искористете ги сите негови здравствени придобивки

Цимет е растение кое потекнува од Азија, а е најзастапено во Индија, Шри Ланка, Бразил и Мадагаскар. Како зачин и лек се користи уште од времето на древниот Египет.

Во Европа, најголема побарувачка за цимет датира од средниот век и станува примарен трговски производ помеѓу Блискиот Исток и Европа. Егзотичниот вкус го освои целиот свет, но со текот на времето, дојдоа до израз неговите бројни лековити својства.

Во нашите краишта малку се знае за користа на маслото од цимет. Постојат два типа на масло од цимет. Првиот тип е етерично масло кое се состои од листовите и кората од билката и е многу сложена постапка.

Вториот е екстратирано масло од цимет кое може сами да го направите.

Ви треба:

неколку стапчиња цимет
чисто маслиново масло (рафинирано)
Целосните стапчиња од цимет ставете ги во тегла. Стапчињата се премачкуваат со чисто маслиново масло за да бидат целосно потопени. Теглата затворете ја добро и оставете ја на собна температура 3 недели. Секој ден, добро протресете ја теглата. По три недели процедете го маслото низ газа во темно стаклено шише.

По ова вашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња цимет се утврдува произволно, но најдобро да е теглата полна (најмалку 5-6 стапчиња во половина литар масло). Што е поголем бројот на стапчиња од цимет, тоа е подобро.

Маслото може да се користи во секоја погодност. Можете да го додадете во салати или колачи во зависност од тоа како ви одговара на вкусот, но не се препорачува долготрајна термичка обработка. Сепак маслото е наједноставно и најдобро да се пие и тоа по 1-2 чајни чаши наутро и навечер.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e