Намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Со употребата на соодветните намирници, во доволна количина, на нашиот организам му се обезбедува потребна енергија која што ќе ја користи во текот на денот.

Како прв и најважен дневен оброк, доручекот мора да содржи здрави намирници. Експертите советуваат дека постојат намирници чија консумација треба да се избегнува на празен стомак. Исто така не е здраво пиење на првото утринско кафе на празен стомак.

Печива и квасец

Консумирањето на производи на база на квасец, на празен стомак, може да доведе до проблеми со надуеност и болки во желудникот. Експертите препорачуваат да се избегнуваат печива и колачи со квасец за доручек.

Јогурт

Јогуртот е здрав затоа што содржи млечна бактерија совршена за цревната флора, но доколку се консумира на празен желудник, таа иста бактерија може да го намали нивото на желудочна киселина.

Домат

Доматот е преполн со витамини и антиоксиданси, но доколку го консумираме за доручек во комбинација со желудочната киселина може да предизвика силна болка во желудникот.

Краставица

Експертите препорачуваат избегнување сиров зеленчук за доручек. Краставицата може да предизвика непосакувани дејства.

Агруми

Во семејството на агруми спаѓаат портокалот, лимонот, грејпфрутот, мандарините – кои што се богати со витамин Ц. Иако се здрави, нивната киселина може да предизвика оштетување на слузокожата кое што може да биде многу болно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e