Намирници кои го чуваат здравјето на имунолошкиот систем во зима

Во сезона на настинки, грип и коронавирус, мора да внимаваме на нашата исхрана. Прочитајте кои намирници го чуваат здравјето на имунолошкиот систем во зима.

Цитрусно овошје

Цитрусното овошје е богато со витамин Ц, па се препорачува да јадете портокали, лимони и цитрони.

Печурки

Печурките содржат витамин Б, рибофлавин и селен.

Селенот е хранлива материја која ја внесуваме преку храната. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат ниско ниво на селен во организмот се подложни на вирусни инфекции.

Ферментирана храна

Јадете повеќе кисели краставички, маслинки и јогурт за да го одржите нивото на добри бактерии во вашите црева и да го зголемите производството на антитела.

Црвена пиперка

Содржи два пати повеќе витамин Ц отколку цитрусното овошје, а исто така е одличен извор и на бета каротен.

Брокула

Брокулата е богата со витамин А, Ц и Е, минерали и антиоксиданси.

Лук

Лукот содржи низа хранливи материи што го зајакнуваат имунитетот.

Сладок компир

Овој вид на компир е полн со бета каротен кој телото го претвора во витамин А и го зајакнува имунолошкиот систем.

Спанаќ

Спанаќот е полн со витамин Ц, бета каротен и антиоксиданси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e