Намирници кои доилките и трудниците треба да ги избегнуваат или намалат

Mајчиното млеко е најдобро за бебињата, бидејќи ги содржи сите потребни витамини и хранливи материи. Но сепак, она што мајките го консумираат влијае на неговиот квалитет…

Лекарите советуваат – бремените жени и доилките да избегнуваат одредена храна или да ја јадат во ограничени количини, сè со цел бебето да се развие правилно и да биде здраво. Следуваат неколку од производите и намирниците на кои треба да се внимава.

Алкохолот е забранет за време на бременоста, но и по породувањето. Меѓутоа, ако не можете да одолеете, консумирајте минимални количини во поголеми интервали меѓу доењето затоа што сè што мајката конзумира влегува и во телото на бебето.

Жалфијата, нането и јагликата, исто така треба да се избегнуваат, оти го намалуваат лачењето млеко.

Рибата и други морски плодови се богати со омега-3 киселини и други хранливи материи. Но, во некои од овие намирници може да има одредена количина жива и олово што може да му наштети на бебето.

Лукот има силен и остар мирис, но и вкус, а тоа може да биде прилично одбивно за бебето. Истото важи и за зачинетата храна.

Прекумерното внесување на цитрони, а со тоа и витаминот Ц може да му наштети на бебето, односно на стомачето. Ова предизвикува вознемиреност кај детето, но и чести повраќања.

Би било препорачливо да се избегнуваат сите овие намирници за време на доењето, но сепак, може да се јадат во ограничени количини. Важно е вашето бебе да внесе доволно количество протеини, минерали, витамини, хранливи материи и хидрирани состојки заради подобар развој. Како што не смеете да претерувате, така мора да бидете сигурни дека бебето ќе добие сè што му треба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e