Најздравиот појадок кој го закрепнува целото тело

Секоја жена што се грижи за себе, внимава што и како јаде

Мешавината од мед и цимет е исклучително вкусна и благотворна за телото. Медот е производ што не се расипува, додека за циметот се верува дека им се подарувал на кралеви.

Денес овие производи ни се достапни, па доколку ги консумирате наутро на празен стомак, еве какви придобивки ќе имате од нив:

Го забавуваат стареењето

Медот е природен антиоксиданс кој содржи органски киселини, ензими, флавоноиди и феноли. Исклучително е благотворен за организмот, па се препорачува негово редовно консумирање, особено на оној со потемна боја.
Циметот содржи полифеноли, па затоа е познат како исклучително силен антиоксиданс. Циметот според своите придобивки за организмот, надминува 26 видови лековити билки, вклучувајќи лук и оригано.

Ја подобруваат работата на срцето

Комбинацијата на мед и цимет ја подобрува работата на срцето и ја одржува нормалната функција.

Медот го зголемува протокот на крвта до срцето и на тој начин ги проширува ѕидовите на артериите. Медот е антиоксиданс кој го спречува создавањето на згрутчувања, а со самото тоа ја спречува и можноста за појава на срцев или мозочен удар.
Циметот е познат по тоа што го уништува лошиот холестерол, а го зголемува добриот холестерол во организмот.
Се борат против вируси
И медот и циметот имаат антибактериско дејство, па можете да ги користите за инфекции на мочниот меур и мочните канали.

Медот е природен антибиотик кој ги уништува бактериите. Со години се користел за дезинфекција на рани.
Циметот има антибактериско, противвоспалително и антигабично дејство.

Помагаат за слабеење

Комбинацијата на мед и цимет може да го забрза метаболизмот и да помогне за слабеење, но само ако сте ја редуцирале исхраната и редовно вежбате.

Заменете ги благите работи со мед. Консумирањето умерени количини на мед наместо рафиниран шеќер, ќе го намали бројот на калории што ги внесувате во организмот.
Циметот го намалува нивото на шеќер во крвта, а ја зголемува осетливоста на инсулин, кој е одговорен за метаболизмот. Поради тоа, циметот ќе го забрза метаболизмот и ќе ја претвори глукозата во енергија, а не во сало.
За дополнително да го забрзате метаболизмот, секое утро пред појадок испијте една чаша вода во која сте раствориле лажиче мед и половина лажиче цимет. Оваа постапка повторете ја и пред спиење.

Го регулираат нивото на шеќер во крвта

Високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика низа болести, меѓу кои е и дијабетес.

Докажано е дека медот може да го намали нивото на шеќер во крвта. Седумнаесет проценти од медот се вода, а останатото е главно фруктоза и глукоза. Медот исклучително лесно се апсорбира во организмот, па препорачливо е дијабетичарите да го користат овој производ.
Циметот исто така го регулира нивото на шеќер во крвта. Ова тврдење е и научно докажано. Меѓутоа, циметот не е лек, но е пожелен како додаток во исхраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e